Македонската метропола – Скопје ќе добие три јавни тоалети. Иако не се знае кога, градоналникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, откри дека подготовките се во тек.

– Во подготовка се три современи јавни тоалети. Еден ќе биде поставен во Градскиот парк, еден на плоштадот „Филип Втори“, а еден во близина на Градскиот плоштад, сподели тој во коментар на социјалните мрежи откако граѓаните побараа решение на овој проблем.

Проблемот со немањето јавни тоалети поодамна го потенцираат самите жители, но и туристичките водичи кои велат дека кога шетаат тури на гости, принудени се да одат во некој угостителски објект.

– Извинете, ама јавни тоалети ни недостигаат. Туристите немаат каде да одат. Направете, па наплаќајте им на туристите трошок кој ќе оди за плата и одржување на хигиеничарите. Срамота е, коментира скопјанка алудирајќи на побрза реакција од надлежните.

ИЗДВОЕНИ