EPA/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Градовите домаќини на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада издвоија вкупно 800 милиони долари за модернизација на стадионите каде што се играат натпреварите од најголемото фудбалско натпреварување во светот.

Според аргентинската специјализирана страница „Marketing Registrado“, сите 16 градови домаќини – 11 во САД, три во Мексико и два во Канада, извршија обемни работи за да ги усогласат објектите со барањата на ФИФА и да им обезбедат на навивачите помодерно искуство за време на турнирот.

EPA/SHAWN THEW

Некои стадиони добија подвижни покриви поради високите температури што преовладуваат во некои градови домаќини, а подобрени беа и системите за вентилација.

На други објекти, зголемен е капацитетот на трибините, инсталирани се дополнителни ВИП седишта и воведена е 6G технологија за поврзување, со цел подобрување на комуникацијата и дигиталното искуство на посетителите.

Организаторите очекуваат дека овие инвестиции на долг рок ќе придонесат за поголема посетеност и комерцијална вредност на стадионот дури и по завршувањето на Светското првенство.

ИЗДВОЕНИ