– Со собраните средства, ќе се заменат дотраените композитни и дрвени елементи со поиздржливи бетонски решенија, ќе се санираат површините за возење, ќе се обноват рампите и ќе се постават нови метални рабови и шини. Секој дониран денар ќе биде наменет за материјали и за изведба на работите – велат од скеј-заедницата во Скопје.
Притоа, додаваат дека Општина Карпош веќе ја издала потребната дозвола за обновување, а следниот чекор е собирање средства за бетон, метал, други материјали и за стручна работна сила

Скејт-заедницата во Скопје почна донаторска акција за реновирање на дотраените елементи во скејт-паркот во Карпош. Акцијата е повик до сите граѓани, поранешни и сегашни корисници на паркот, родители, компании и организации да помогнат скејт-паркот во Карпош повторно да стане безбедно, функционално и достапно место за спорт и за заедницата.
– Со собраните средства, ќе се заменат дотраените композитни и дрвени елементи со поиздржливи бетонски решенија, ќе се санираат површините за возење, ќе се обноват рампите и ќе се постават нови метални рабови и шини. Секој дониран денар ќе биде наменет за материјали и за изведба на работите – велат од скеј-заедницата во Скопје.
Притоа, додаваат дека Општина Карпош веќе ја издала потребната дозвола за обновување, а следниот чекор е собирање средства за бетон, метал, други материјали и за стручна работна сила.
Наведуваат дека скејт-паркот во Карпош секојдневно го користат деца и млади од Скопје и пошироко, оти е отворен и бесплатен простор, без членарина, регистрација, селекција или финансиски бариери. Објаснуваат дека за голем дел од младите, токму овој парк е единственото место каде што може слободно да спортуваат, да се дружат и да развиваат вештини во скејтбордингот, возењето ролери, BMX и во другите урбани спортови.
– Но, по години интензивна употреба, дел од елементите во паркот се во лоша и небезбедна состојба. Дрвените површини се скапани, металните рабови и шини се разлабавени, а одредени конструкции се нестабилни и кородирани. Ризикот од повреди не доаѓа само од природата на спортот и од изведувањето трикови туку и од дупките, оштетувањата и од неисправните површини за возење. Ова не е само прашање на подобри услови за овој спорт туку и прашање на безбедноста и грижата за јавниот простор што им припаѓа на младите. Ние сме луѓе што секојдневно го користиме паркот и сакаме да го вратиме во состојба во која ќе може безбедно да го користат сегашните и идните генерации – порачуваат од скејт-заедницата.
Сметката за донации е: 210-0602535801-87, со ознака до:ЕКСТРИМ СПОРТС Скопје.
Може да се направат онлајн донации и преку страницата Whydonate.com, на следниов линк:
https://whydonate.com/fundraising/lets-renovate-the-karpos-skatepark-skopje-north-macedonia.
(А.П.)












