среда, август 12, 2026
Дома СВЕТ Што се случува на носачот на авиони „Абрахам Линколн“: Неколку морнари се...

Што се случува на носачот на авиони „Абрахам Линколн“: Неколку морнари се обиделе да скокнат во морето – менталното здравје во критична фаза

0
Фото:википедија/ Navy photo by Mass Communication Specialist 3rd Class Clint Davis/Released)

Две водечки американски воени списанија, „Најви Тајмс“ и „Старс енд Страјпс“, објавуваат дека имало повеќекратни обиди на морнари да скокнат од носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ поради лоши услови на бродот и ментален стрес кој често достигнува кртична точка за време на неколкумесечното распоредување на Блискиот Исток, спореди изјави на нивните семејства.

Околу 5.000 морнари и маринци на овој воен брод се распоредени рекордно долго време на мисија поврзана со војната против Иран, поточно од 21 ноември минатата година, објавува „Гардијан“. Неговото враќање, првично закажано за мај, е продолжено без јавен датум.

Екипажот е во деветтиот месец на море и поминал 250 последователни дена без да се истовари, рекорд за носач на авиони во модерното време.

Во еден случај, морнар се обидел да скокне од носачот и бил ставен под медицински надзор. Неговата сопруга рекла дека бил исцрпен по месеци распоредување и се плашел дека инцидентот ќе го чини 13-годишна воена кариера, објави „Милитари тајмс“.

Во друг случај, морнар на стража видел колега морнар како се спрема да скокне од бродот. Тој отишол до него, го зграпчил за раце и го извлекол на палубата. Тројца други морнари му притрчале на помош.

Сопругата на член на екипажот на „Линколн“ им кажала на околу 200 членови на семејството на носачот на авиони дека нејзиниот сопруг еден ден ѝ испратил СМС-порака во која велел дека „се надева дека нема да се разбуди утре“.

„Нејви тајмс“ објави детали за неуспешен обид за самоубиство на „Линколн“ за време на неговата тековна мисија.

Анабел Лома изјави за весникот дека нејзиниот сопруг се обидел да скокне од бродот во очај поради неговиот продолжен престој на море.

„Тој е исплашен. Мисли дека ќе добие нечесно отпуштање, и само затоа што се исцрпил, се плаши дека неговата 13-годишна кариера е уништена“, рече Анабел Лома.

Весникот цитираше друга морнарка која била вклучена во посебен инцидент на „Линколн“ во кој спречил колега морнар да скокне од бродот.

Американската морнарица не го има објавено точниот број на морнари кои се обиделе да скокнат преку бродот или да се самоповредат за време на распоредувањето.

Семејствата изразија загриженост за менталното здравје, исцрпеноста и безбедноста на морнарите на состаноците со претставници на морнарицата. Командантот на површинските сили на морнарицата, вицеадмиралот Џозеф Кахил, призна дека продолженото распоредување е голем товар за членовите на службата и нивните семејства.

Американската морнарица вели дека екипажот има пристап до советници, капелани, медицински персонал и други услуги за поддршка.

Ударната група на носачите на авиони „Теодор Рузвелт“ се подготвува да го замени „Абрахам Линколн“, но датумот на пуштање во употреба не е објавен, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ