среда, август 12, 2026
Дома СВЕТ Властите ги заоструваат граничните контроли со Сеута по повиците за нов масовен...

Властите ги заоструваат граничните контроли со Сеута по повиците за нов масовен премин – приведена е и група осомничени

0
EPA/JALAL MORCHIDI

Властите ги заоструваат граничните контроли со Сеута по повиците за нов масовен преминМароканските власти ги заоструваат контролите на границата со шпанската територија во Северна Африка, Сеута, со поставување нови огради и испраќање дополнителен персонал по повиците на социјалните мрежи за нов масовен премин на мигранти следната сабота, 15 август.

Мароканското Министерство за внатрешни работи денес објави дека во последните денови „открило ширење публикации и пораки од непознато потекло на некои социјални мрежи кои поттикнуваат организирање масовни и нелегални обиди за премин во градовите Сеута и Мелиља“, објави шпанската државна телевизија RTVE.

Властите ги презедоа сите потребни мерки за да спречат нелегални преминувања во Сеута и да ги пресретнат лицата што се обидуваат да учествуваат во нив, соопшти министерството, додавајќи дека ќе бидат преземени и законски мерки против оние што ги промовираат ваквите повици преку интернет.

Министерството не прецизираше колку лица се уапсени или кога се извршени апсењата. Само соопшти дека е приведена група лица осомничени за поттикнување нелегални преминувања и дека против нив е покрената истрага под надзор на надлежното јавно обвинителство.

Портпаролот на мароканското Министерство за внатрешни работи предупреди дека со овој повик и поттикнување, што е казниво со закон, некој се обидува да ги искористи проблемите со миграцијата и да претставува сериозен ризик за безбедноста на луѓето, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ