Шпанскиот велосипедист Хауме Гвардињо е во критична состојба и на интензивна нега во болница во Сабадел откако претрпи сериозни повреди во несреќа, во текот на тренинг, објави неговиот тим Каха Рурал-Сегурос.

  • Како резултат на несреќата, велосипедистот од Аликанте, кој живее во Калдес де Монбуха, беше итно префрлен со хеликоптер во болницата во Сабадел, каде што е на интензивна нега, со сериозни повреди и под постојан медицински надзор. Во овој момент им испраќаме целосна поддршка на Хауме и на неговото семејство, посакувајќи брзо и целосно закрепнување – се вели во соопштението на шпанскиот тим, со кој Гвардињо се натпреваруваше на Вуелта минатата година.

ИЗДВОЕНИ