Кошаркарите на Работнички очекувано славеа на дуелот против Маџари со 97:74 во натпревар од 18. коло во Суперлигата, но она што го направи нивниот капитен, Виктор Ефремовски, е неверојатно!

Македонскиот репрезентативец го заврши мечот со 50 поени, нешто што ретко се гледа на кошаркарските терени низ Македонија.

Инаку, ова беше посебен меч за домаќините, кои по пауза од пет години повторно заиграа во својата реновирана сала пред поддршка од навивачите „Сити парк бојс“. Работнички уште во првото полувреме создаде убедлива предност, а на почетокот од третата четвртина водеше и со 59:34, по што победникот беше практично решен. До крајот, домаќините рутински ја одржуваа разликата и го запишаа седмиот триумф сезонава.

Резултати: Тиквеш – Ангели 114:90, Гостивар – Чаир 76:81, Кожув – Феникс 113:98, Пелистер – Куманово 92:62.

ИЗДВОЕНИ