петок, октомври 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Гоце е Македонија“ светна над Скопје – спектакуларно шоу со дронови за...

„Гоце е Македонија“ светна над Скопје – спектакуларно шоу со дронови за Денот на македонската револуционерна борба/ВИДЕО

74
Фото: принтскрин Фејсбук/Христијан Мицкоски

Небото над Скопје вечерва беше осветлено со спектакуларно шоу со дронови, преку кое беше испратена силна порака: „Гоце е Македонија“.

Со светлосни формации на небото беа прикажани ликот на Гоце Делчев, натписот „ВМРО“, како и симболот од македонското знаме, во чест на Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Видеоснимка од несекојдневниот спектакл објави премиерот Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

„Честит Ден на македонската револуционерна борба! Небото свети Македонија. Неколку секунди македонска убавина и пораки. За многу години!“, напиша Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ