Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне во одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Во претпладневните часови можна е појава на слаба магла, додека попладне во делови од Скопската Котлина се очекува повремен дожд. Ветерот ќе биде слаб и ќе дува од југоисток.
Во текот на новата работна седмица времето ќе биде променливо облачно и претежно стабилно, без позначајни промени. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во понеделник и вторник повремено ќе засилува долж Повардарието, од северен правец.












