Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон ќе се позанимава со ситуацијата со Куба откако ќе го реши прашањето за Иран. Тој најави дека американски бродови би можеле да застанат во близина на кубанскиот брег, по што американскиот државен секретар Марко Рубио би добил задача да постигне договор.
„Ќе се позанимаваме со Куба на враќање од Иран. Ќе направиме кратка пауза“, рече Доналд Трамп на предизборен собир во Флорида, пренесува Ројтерс.
Потоа тој опиша сценарио во кое американски бродови би пловеле покрај Куба, при што еден од нив би застанал непосредно до брегот на островот.
„Овие прекрасни бродови ќе пловат покрај Куба. Ќе запреме еден од нив на околу 50 метри од брегот. Тие ќе ги кренат рацете горе, а потоа ние ќе го испратиме Марко Рубио да го финализира договорот“, рече Трамп.












