сабота, октомври 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Го лажела дека е бремена, кумановка му изнудувала пари на гостиварец кој...

Го лажела дека е бремена, кумановка му изнудувала пари на гостиварец кој работел во Швајцарија

1

Млада кумановка му изнудувала пари на партнерот од Гостивар кој бил на работа во Швајцарија, со закани и уцена дека останала бремена од него. 38 годишниот маж пријавил во полиција бидејќи девојката му земала 1500 евра.

-На 23.10.2026 во 14:20 часот во ОВР Гостивар, 38-годишник од гостиварско село пријавил дека бил измамен од неговата партнерка К.И. од Куманово за сума од над 1.500 евра. Според пријавеното, во периодот од 21.08.2026 до 29.09.2026, додека тој бил на привремена работа во Швајцарија, таа преку мобилна апликација му упатувала сериозни закани по животот, лажно му тврдела дека е бремена од него и му барала пари, кои ѝ ги праќал по брз трансфер за пари. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

ИЗДВОЕНИ