сабота, октомври 24, 2026
Дома БАЛКАН Второ убиство на бизнисмен за еден месец во Бугарија: Поранешен европратеник убиен...

Второ убиство на бизнисмен за еден месец во Бугарија: Поранешен европратеник убиен во својот дом во Софија

15
Foto: Printscreen/YouTube/Gong.bg

Бугарскиот бизнисмен, поранешен пратеник во Европскиот парламент и некогашен европски шампион во теквондо, Слави Бинев, е убиен утрово во Софија.

Три лица се приведени во врска со инцидентот, соопшти бугарската полиција.

Според полицијата, Бинев бил убиен во својот дом во софиската населба Павлово. Надлежните добиле пријава за инцидентот утрово, околу 10:20 часот по локално време, објави бугарскиот медиум „Дневник“.

Бугарските медиуми објавија дека Бинев бил застрелан, а тројца осомничени – кои биле вооружени – биле фатени на автопатот

Ова е второ убиство на бизнисмен во Бугарија во последниот месец.

Бинев (60) беше бугарски бизнисмен, поранешен пратеник во Европскиот парламент и поранешен претседател на Бугарската теквондо федерација. Во 1992 година, тој ја освои титулата европски шампион во теквондо на Отвореното европско првенство одржано во Целје, Словенија.

ИЗДВОЕНИ