недела, јуни 28, 2026
Дома СКОПСКА Се предвидуваат 60 милиони денари за санација на училиштата и градинките во...

Се предвидуваат 60 милиони денари за санација на училиштата и градинките во Центар

6

На седницата на Советот на Општина Центар, која е закажана во вторник, на дневен ред, меѓу другото, е и ребаланс на буџетот и измена на програмите за работа.

Со овој ребаланс се зголемуваат парите наменети за санација на основните училишта и градинките. Се предлага буџетот за оваа намена да се зголеми од 20 на 60 милиони денари.

– Обезбедувањето на пристојни услови за работа и престој во основните училишта и градинките е една од основните функции на општината, а не давање на субвенции за полагање на возачки испити или финансирање на професионални спортски клубови – сметаат од „Шанса за Центар“.

 

ИЗДВОЕНИ