недела, јуни 28, 2026
Дома МАГАЗИН Ултрапопуларниот Никола Роквиќ во Античкиот театар на 15-ти авгсут

Ултрапопуларниот Никола Роквиќ во Античкиот театар на 15-ти авгсут

14

Оваа вест, деновиве, одекана како вистинска музичка бомба. Својот голем солистички концерт во Охрид на магичната сцена на Античкиот театар ќе има еден од ултрапопуларните….српскиот пејач Никола Роквиќ.  Тој на 15-ти август ќе одржи концерт, а билетите, велат од организацијата “Балкан медиа“, се продадени истиот ден! Можеби ќе се случи и вториот концерт?

Со исклучителана кариера, наследена од татко му пејачот Маринко Роквиќ, изградена во континуитет,  со  уметничка зрелост и јасна естетика, Роквиќ со години се издвојува како автор и интерпретатор кој не брка хит-трендови, туку создава репертоар со трајна вредност. Неговите песни се препознатливи по емоционалната длабочина и вокалната сигурност, што му обезбедија верна публика која го следи низ различни фази од неговото творештво.

Публиката во Охрид, ќе има можност да ги слушне најдобрите композиции од неговиот опус, изведени во продукциски и сценски формат, соодветен на локацијата и карактерот на настанот. Уникатната акустика, отворената сцена и историскиот амбиент создаваат услови за концерт со посебна емоционална димензија, каде секоја нота и секој стих добиваат подлабоко значење. Комбинацијата на автентичниот вокал на Роквиќ и просторот кој носи вековна културна меморија, ветува вечер со силен уметнички печат.

Концертот на Никола Роквиќ на 15-ти август во Охрид не е само уште една станица во летната концертна програма. Овој концерт го вбројуваат меѓу оние летни културни настани кои освојуваат со содржина, емоција и уметничка зрелост. Воедно го заокружува неговиот континуиран уметнички развој и го потврдува како еден од оние изведувачи чии песни не поминуваат, туку остануваат. (Д.М.)

 

ИЗДВОЕНИ