Утре ќе се отворат вратите на новата градинка во Трубарево, која ќе го носи името „Кокиче“, објави на „Фејсбук“ градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
– Најмладите ќе добијат современ и безбеден простор за раст, игра и учење. Се исполни децениското барање на жителите за градинка во ова населено место – напиша Стефковски.
Стартот на изградбата на оваа градинка од страна на премиерот Мицкоски беше означен на 20 јули, 2024 година. Таа ќе биде со капацитет за над 60 деца, а како што беше најавено ќе чини 19 милиони денари.












