вторник, август 4, 2026
Дома СКОПСКА Се обновуваат чешмите за вода низ Карпош

Се обновуваат чешмите за вода низ Карпош

173

Се обновуваат чешмичките за пиење вода на неколку локации на територијата на Општина Карпош. Од Општината информираат дека изминативе денови, старите чешмички биле заменете со нови во населбите Бардовци, Карпош 3 и Влае, на плоштадот „Делфина“.

– Станува збор за постојни чешми што беа нефункционални, скршени и не беа во состојба за користење. Целта на оваа акција е карпошани да имаат достапна вода за пиење и да може да се разладуваат во овие топли летни денови – соопштија од Општина Карпош.

Промената на чешмите ја врши фирмата „Хидротек“, а средствата се обезбедени во рамките на програмата на Секторот за екологија и енергетска ефикасност.

ИЗДВОЕНИ