Во рамките на големата и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, во моментов се работи покрај улицата „Ѓорче Петров“.
– Станува збор за пешачка патека, во должина од 4 километри, простор што секојдневно го користат илјадници граѓани, ученици, родители, повозрасни лица и велосипедисти. Оваа патека беше една од најбараните од граѓаните, затоа што се наоѓа во исклучително фреквентна зона, која со години беше оставена во лоша состојба, раскопана, небезбедна за движење – информираше скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека, паралелно со реконструкцијата, се градат и зелени коридори покрај улицата, со нови дрвја, зеленило и уредени површини, кои ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и попријатен простор за движење.
– Скопје мора да биде град во кој пешачењето е нормален, безбеден и достоинствен дел од секојдневието – потенцираше Ѓорѓиевски.












