понеделник, ноември 2, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Дигиталното евро ќе овозможи плаќање со телефон, но готовината останува во употреба

Дигиталното евро ќе овозможи плаќање со телефон, но готовината останува во употреба

0

Европската централна банка (ЕЦБ) планира воведување дигитално евро, електронска форма на пари издадени и гарантирани од централната банка. Тоа ќе овозможи плаќање преку паметен телефон или картичка во продавници, онлајн и меѓу граѓаните, а основните функции ќе бидат бесплатни.

Првото издавање се очекува во 2029 година, доколку биде усвоена потребната регулатива до крајот на 2026 година. Во втората половина на 2027 година е планирана дванаесетмесечна пилот-фаза со 36 даватели на платежни услуги и избрани трговци.

Дигиталното евро ќе биде директно побарување од централната банка, за разлика од средствата на обичните банкарски сметки. Лимитот за поседување сè уште не е утврден, но се разгледува можноста за ограничување до 3.000 евра од лице.

Според ЕЦБ, ќе биде овозможено и офлајн плаќање со високо ниво на приватност. Дигиталното евро нема да биде програмабилна валута ниту криптовалута.

Банкнотите и монетите ќе продолжат да се користат, бидејќи дигиталното евро е замислено како дополнување, а не како замена за готовината.

ИЗДВОЕНИ