вторник, јуни 16, 2026
Дома СКОПСКА Интензивно заловување на бездомните кучиња во Бутел

Интензивно заловување на бездомните кучиња во Бутел

29

Општина Бутел ќе започне поинтензивни и координирани активности за решавање на проблемот со бездомните кучиња.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска остварил средба со директорот на ЈП „Лајка“, Војислав Димитровски, на која било разговарано токму за решавање на овој проблем на територијата на општина Бутел.

– Договоривме поинтензивно заловување, собирање и хуман третман на бездомните кучиња на јавните површини. Сето ова е со цел да се обезбеди поголема безбедност за сите граѓани – нагласи Костовски.

Од Општина Бутел известија дека граѓаните можат да соработуваат и да пријавуваат локации на бездомни кучиња на: [email protected]

ИЗДВОЕНИ