вторник, јуни 16, 2026
Дома СКОПСКА Центар го одбележа роденденот на Горан Стефановски

Центар го одбележа роденденот на Горан Стефановски

27

Со богата уметничка програма, Општина Центар го одбележа роденденот на големиот македонски драмски автор, Горан Стефановски, враќајќи го за миг неговиот дух и присуство во Дебар Маало.

Настанот се одржа кај спомен-клупата посветена на бардот, а домаќин беше неговиот син, Игор Стефановски, кој заедно со пријателите и блиските сподели спомени, сеќавања и анегдоти од животот на познатиот дебармаалец. На присутните им се обрати и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

 – Горан Стефановски е дел од нашето секојдневие, од јазикот, од мислата и од начинот на кој гледаме на светот. Со ваквите настани му оддаваме почит и го чуваме неговиот збор – истакна Герасимовски.

Во рамки на програмата, хорот „Мирче Ацев“ изведе неколку песни, омилени на Стефановски, настап имаше и џез-формацијата „Трицикл“, а беа изведени и актерски монолози од неговите дела.

Публиката имаше можност да ги погледне и портретите на Горан Стефановски, дело на Ненад Рафајловски, додека музичкиот сет на диџеј Шурбе ја заокружи вечерта.

Општина Центар го чествува Горан Стефановски преку низа културни настани и активности посветени на неговиот лик и дело.

 

ИЗДВОЕНИ