четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Се менува безбедносната слика на Балканот? Грција активира противракетна одбрана за Бугарија

Се менува безбедносната слика на Балканот? Грција активира противракетна одбрана за Бугарија

1693

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас денес изјави дека Атина во наредните часови привремено ќе ја префрли ќе премести батеријата „Патриот PAC-3“ во северниот дел од земјата за да обезбеди ракетна одбрана над голем дел од бугарската територија, објавија грчките медиуми. Системот PAC-3 е најнапреден за пресретнување на балистички закани.

Дендиас додаде дека на состанокот на Националниот совет за одбрана, исто така, е одлучено да се префрлат два авиони Ф-16 на аеродром во северна Грција со единствена задача да ѝ обезбедат на Бугарија дополнителна воздушна заштита, објави „Катимерини“.

Дополнително, двајца високи офицери на грчките воздухопловни сили ќе бидат испратени во Оперативен центар на бугарските вооружени сили во Софија, се вели во соопштението.

– Вчера и денес бев во контакт со бугарскиот министер за одбрана Атанас Запријанов. По вчерашното барање од бугарска страна, денес го информирав министерот дека Грција ќе обезбеди средства и персонал за заштита на Бугарија – рече Дендиас.

Тој додаде дека овие чекори се преземени на барање на Бугарија, членка на НАТО и Европската Унија, и дека тие воопшто нема да влијаат на антибалистичката заштита на грчката територија.

Дендиас исто така рече дека ќе ја посети Софија следната недела, на покана на неговиот бугарски колега.

ИЗДВОЕНИ