Најдобриот стрелец во НБА, Леброн Џејмс, постави уште еден рекорд во најсилната кошаркарска лига во светот. Откако го надмина Карим Абдул-Џабар во февруари 2023 година и стана најдобар стрелец во лигата, овој пат го надмина и легендарниот центар по бројот на постигнати кошеви од поле во НБА.

Џејмс го достигна рекордот во првата четвртина од натпреварот против Денвер, кој неговиот Лос Анџелес Лејкерс го загуби со 120:113.

Абдул-Џабар постигна 15.837 кошеви од поле за време на неговата 20-годишна НБА-кариера, која заврши во 1989 година. Тој ги постигна повеќето од нив во дресот на Лејкерс, чиј член е Леброн од 2018 година. Многумина мислеа дека овој рекорд никогаш нема да биде соборен.

ИЗДВОЕНИ