Општина Кисела Вода, преку Секторот за месна самоуправа, започна со теренските активности за средување на пораснатата трева во сите урбани и месни заедници.
За оваа акција, која ќе се одвива секојдневно, во текот на целата сезона, ангажиран е тим од 20-мина обучени сезонски работници.
– Денеска екипите работат во населбите 11 Октомври – Згради, Кисела Вода и Драчево, а веднаш потоа ќе продолжат по утврдениот ред и во сите други делови на Општината. Оваа активност е дел од тековните планови за уредување на јавните простори на целата територија на Кисела Вода – велат од локалната самоуправа.

И екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ започнаа со активностите за косење трева и одржување на јавните зелени површини.
Во наредниот период ќе се вршат косење и уредување на: парковите, зелените појаси, детските игралишта и на другите јавни површини во Општината.
– Целта е да се обезбеди уредна, чиста и безбедна околина за сите жители на Општина Гази Баба – посочуваат од локалната самоуправа.
Оттаму додаваат дека ќе продолжат активностите, континуирано, на повеќе локации, согласно со оперативниот план на претпријатието.












