недела, јуни 28, 2026
Дома СКОПСКА Се градат седум приклучни улици во Ѓорче Петров

Се градат седум приклучни улици во Ѓорче Петров

82

Општина Ѓорче Петров продолжува со силна градежна офанзива и реализација на капитални инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните.

Од Општината информираат дека во моментов активно се работи на изградба на седум приклучни улици, со вкупна должина од 1.700 метри, со што значително се подобрува локалната патна мрежа, безбедноста и пристапноста во повеќе населени места на територијата на општината.

Меѓу улиците кои се опфатени со оваа градежна активност е и „102“, каде се врши целосна реконструкција и уредување на коловозот, со цел жителите да добијат современа, функционална и безбедна инфраструктура.

-Со овие зафати се решаваат долгогодишни инфраструктурни проблеми, се олеснува секојдневното движење на граѓаните и се создаваат подобри услови за нормално функционирање на локалните заедници- велат од локалната самоуправа.

Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека инвестициите во локалната инфраструктура остануваат еден од главните приоритети на општината.

-Продолжуваме посветено да работиме во секој дел од општината. Нашата цел е јасна – модерно, уредено и функционално Ѓорче Петров, каде граѓаните ќе имаат достоинствени услови за живот. Нема запирање кога се работи за потребите на народот – изјави Стојкоски.

 

ИЗДВОЕНИ