вторник, јуни 9, 2026
Дома МАГАЗИН Саша Ковачевиќ, за свадбата со Зорана, потрошил преку 40 илјади евра! Музичкиот...

Саша Ковачевиќ, за свадбата со Зорана, потрошил преку 40 илјади евра! Музичкиот миленик на Македонките  

1

Српската поп-ѕвезда, атрактивниот, и за најголемиот број Македонки, посакуваниот Саша Ковачевиќ, деновиве застана на „лудиот камен“. Тој со својата девојка Зорана Тасовац направи богата луксузна свадба за која отворено се зборува дека го чинела повеќе од 40 илјади евра. Саша Ковачевиќ стапи во брак по деветгодишната љубовна врска. Нивната луксузна свадбена церемонија предизвика голем интерес и воодушевување кај бројните обожаватели и новинарите, а особено кај нас во Македонија, бидејќи Саша е вистинска пејачка ѕвезда овде.

Иако младенците посакувале прослава без публицитет, сепак не можеа да се скријат од медиумите. За специјалните гости на свадбата биле обезбедени врвни гастрономски специјалитети, скапи пијалаци, како и богато украсени десерти. – Саша и Зорана блескаа и уживаа во свадбениот раскош, облечени како од соништата. Пејачот беше пресреќен бидејќи и на тој начин ја усреќи својата сопруга, со свадбата за која долго ќе се раскажува. Оваа голема журка траеше до раните утрински часови, под отворено топло јунско небо. А ги имаше над 400, и сите си поминаа фантастично.  (Д. М.) фото:инстаграм

 

ИЗДВОЕНИ