петок, октомври 9, 2026
Дома СВЕТ Рускиот дата центар „Јандекс“ оштетен во украински напад – прекинати услугите

Рускиот дата центар „Јандекс“ оштетен во украински напад – прекинати услугите

32
screenshot X

Рускиот технолошки центар на „Јандекс“ во Калуга, југозападно од Москва, беше погоден од напад со украински дрон во текот на ноќта, соопшти компанијата.

Во нападот целосно беа онеспособени неколку модули, што потенцијално може да предизвика оперативни проблеми за одредени услуги, наведе „Јандекс“ на социјалните мрежи. Компанијата исто така потврди дека во инцидентот немало повредени.

Ова е вториот центар за податоци на „Јандекс“ што се најде на мета во последните два дена. Претходно, во четвртокот, беше погоден објект во Сасово, во областа Рјазањ, по нападот избувна пожар, а работата на центарот беше прекината.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека неговата земја „секогаш одговара симетрично“ на руските напади.

„Тие ги нападнаа и продолжуваат да ги напаѓаат нашите центри за податоци. Ние возвративме“, рече Зеленски.

Нападите врз центрите за податоци укажуваат на тоа дека технолошката инфраструктура и системите за складирање податоци се сè повеќе изложени на последиците од војната меѓу Русија и Украина.

ИЗДВОЕНИ