петок, октомври 9, 2026
Дома СВЕТ Хитлер Мусолини стана градоначалник во Перу

Хитлер Мусолини стана градоначалник во Перу

0

Хитлер Мусолини Симеон Флорес е новиот градоначалник на перуанскиот град Кверопалче, пишува „Политико“.

Како кандидат на централно-левичарската партија Ахора Насион, тој  освои 34 проценти од гласовите, а според извештаите на локалните медиуми, разликата помеѓу првите тројца кандидати била само 42 гласа. Во неговата кандидатура не се дадени многу детали, ниту објаснување за необичното име. Има само информација дека управува со инвестициската група „Симеон Сак“.

Ова не е првпат политичар со такво име да се појави на избори во Перу. На  изборите во 2018 година за градоначалник на округот Јунгар, Хитлер Гесклин Алба Санчес го победи Ленин Владимир Родригес Валверде.

– Јас сум добриот Хитлер, изјави Алба за медиумите за време на кампањата.

Во Намибија, пак, Адолф Хитлер Унона беше избран петти пат по ред на локалните избори минатата година.

– Како дете, тоа име ми се чинеше сосема нормално, изјави тој за Би-би-си.

ИЗДВОЕНИ