петок, ноември 27, 2026
Дома СВЕТ Американската војска онеспособи уште еден брод што се обиде да ја пробие...

Американската војска онеспособи уште еден брод што се обиде да ја пробие блокадата на иранските пристаништа

0
Фото:википедија

Американската војска денеска соопшти дека во Оманскиот Залив онеспособила трговски брод кој се обидувал да ја пробие американската блокада на иранските пристаништа.

Американската војска онеспособи уште еден брод што се обиде да ја пробие блокадата на иранските пристаништа. Фото: Pixabay
Според соопштението, војската вчера го онеспособила бродот „Пацифик Арчер“ (Pacific Archer), откако воено летало испукало „прецизна муниција“ кон крмата на бродот.

„Погонскиот систем на бродот на крајот беше онеспособен, а цивилниот екипаж остана неповреден“, се додава во соопштението.
Бродот пловел под знамето на Палау.

Според Централната команда на САД, „Пацифик Арчер“ испловил од иранското пристаниште Бандар Абас пред да се обиде да ја пробие блокадата.
Веб-страниците за следење на пловни објекти како дестинација на бродот го наведуваат Сингапур.

САД спроведуваат блокада на иранските пристаништа уште од април. Блокадата беше привремено укината во текот на летото – што се совпадна со мировните преговори со Техеран – но беше повторно воведена во јули. Оттогаш, според американската војска, 158 трговски бродови биле пренасочени кон други рути, додека оние што одбиле да ги почитуваат наредбите биле онеспособени.

„Пацифик Арчер“ е најмалку петнаесеттиот брод за кој е потврдено дека е онеспособен од американската војска откако започна блокадата пролетта, и шестиот откако таа беше повторно воведена во текот на летото.
Претходниот брод беше онеспособен на 7 ноември.

Во јуни, оваа практика на САД наиде на осуда откако три лица загинаа при воен напад врз танкер што пловел под знамето на Гвинеја-Бисао, а кој се обидувал да ја избегне американската блокада.

Централната команда на САД наведува дека американските сили упатуваат повеќекратни предупредувања пред да отворат оган врз трговските бродови, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ