четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Русија објави мапа со локации во Европа! Медведев: „Toa се потенцијални цели“;...

Русија објави мапа со локации во Европа! Медведев: „Toa се потенцијални цели“; „Спијте мирно, европски партнери“/ФОТО

481
EPA/MAXIM SHIPENKOV

Руското Министерство за одбрана вчера објави список на европски компании за кои тврди дека произведуваат дронови за Украина, а висок функционер на Кремљ веднаш ги нарече потенцијални воени цели. Лисата ги вклучува имињата и адресите на производители од голем број европски земји, објавува Медуза.

Едниот список, насловен како „Филијали на украински компании во Европа“, наведува 11 компании во градови како Лондон, Минхен, Рига, Вилнус и Прага. Другиот, насловен како „Странски компании што произведуваат компоненти“, наведува 10 компании, од кои некои се наоѓаат во Мадрид, Венеција и Хаифа.

Интересно е што читател на порталот Медуза забележал дека првиот список ја вклучувал адресата Лерхенауер Штрасе 28 во Минхен, која се покажа дека припаѓа на станбена зграда.

Медведев: „Спијте мирно, европски партнери“

Од руското Министерство порачаа дека ги објавиле листите за европските граѓани „да ги разберат вистинските причини за заканите по нивната безбедност“, но и за да ги знаат адресите на „украинските“ и „заедничките“ компании што произведуваат дронови за Украина на нивна почва.

Дмитриј Медведев, заменик-шеф на Рускиот совет за безбедност, ја коментираше објавата на социјалните мрежи, нарекувајќи ја „список на потенцијални цели за руските вооружени сили“. „А дали овие напади ќе станат реалност зависи од тоа што следи. Спијте мирно, европски партнери!“, додаде тој.


Потегот на Москва дојде еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин. Пред средбата, објави канцеларијата на Зеленски, на двајцата лидери им беа презентирани седум модели на беспилотни летала произведени од заеднички украинско-германски компании.

Истиот ден, Германија и Украина се согласија за пакет за одбрана вреден четири милијарди евра. Според договорот, Германија ќе финансира договор за купување на неколку стотици ракети за системите за воздушна одбрана „Патриот“.

ИЗДВОЕНИ