вторник, октомври 27, 2026
Дома СВЕТ Петта пленарна седница: Комунистичка партија на Кина ја зајакнува партиската дисциплина

Петта пленарна седница: Комунистичка партија на Кина ја зајакнува партиската дисциплина

21

Кинескиот претседател и генерален секретар на Комунистичката партија на Кина (КПК), Шји Џинпинг, ја отвори петтата пленарна седница на 20. Централен комитет на Партијата, на која во фокусот е зајакнувањето на партиската дисциплина, контролата и борбата против проблемите во сопствените редови.

На седницата, што започна во понеделникот во Пекинг, Џинпинг поднесе извештај за работата во име на Политичкото биро на Централниот комитет на КПК и го образложи нацрт-одлуката на Централниот комитет на КПК за некои главни прашања во врска со доследното зајакнување на целосното и строго самоуправување на Партијата.

Предлог-документот ги сумира досегашните резултати и искуства во спроведувањето на строгата партиска дисциплина во новата ера, ги анализира актуелните состојби и предизвици во партиските редови и ги утврдува идните насоки за нејзино понатамошно зајакнување.

Овој документ ги утврдува стратешките планови за доследно зајакнување на целосното и строго самоуправување на Партијата, според состанокот на Политичкото биро во септември, на кој беше одлучено документот да ѝ биде доставен на пленарната седница на разгледување.

-Од 18. Национален конгрес на КПК во 2012 година, целосното и строго самоуправување на Партијата постигна значителен напредок, отвори ново поглавје во самореформата на Партијата стара еден век и донесе историски достигнувања и трансформации во делото на Партијата и државата, се наведува во претходниот состанок на Политичкото биро во јули, на кој беше утврдена агендата на пленарната седница.

На состанокот беше наведено дека Партијата и народот ја стекнале историската иницијатива за изградба на силна Партија и силна држава, но беше истакнато дека, додека се одвиваат длабоки промени во светот, во Кина и во самата Партија, напорите за спроведување на целосното и строго самоуправување на Партијата се соочуваат и со многу нови околности и предизвици.

Беше повикано на примена на повисоки стандарди и преземање поконкретни мерки за зачувување и примена на вредното искуство од целосното и строго самоуправување на Партијата во новата ера, решавање на истакнатите проблеми со кои се соочува изградбата на Партијата и консолидирање и развивање на здравата политичка средина создадена преку партискиот самонадзор и самоуправување.

 

 

ИЗДВОЕНИ