вторник, октомври 27, 2026
Дома СВЕТ Нови воени тензии на Блискиот Исток: „Египет ни објави војна“ – Хутите...

Нови воени тензии на Блискиот Исток: „Египет ни објави војна“ – Хутите реагираат на одлуката на парламентот

89
EPA/YAHYA ARHAB

Египетскиот парламент вчера одобри воена поддршка за одбрана на Саудиска Арабија, по ескалацијата на нападите од страна на јеменските Хути.

„Египет и неговиот парламент изразија поддршка за таканаречената одбрана на Кралството Саудиска Арабија, а со тоа, всушност, ѝ објавуваат војна на Република Јемен“, изјави Ал-Хути, член на политичкото биро на Хутите, во објава на Телеграм.

Египетскиот парламент вчера одобри воена поддршка за одбрана на Саудиска Арабија, со оглед на ескалацијата на нападите од страна на јеменските Хути, објавија локалните медиуми.

Речиси 500 пратеници побараа да земат збор за време на расправата по ова прашање, пренесе Ал Џезира.

ИЗДВОЕНИ