Денес во “Трибека“ беше промовиран пред медиумите- новинарите албумот “Седатив“ на пејачката Марија Спасовска. Слушнавме премиерно, најнови песни, потенцијални хитови, кои нема сомнеж ќе се вртат ова лето, таму каде се собираат и забавуваат најмногу младите.
Оваа атрактивна македонска поп–пејачка, текстописец и композитор ја претставувала Македонија на детската “Евровизија“ во 2018 година во Минск, Белорусија. Тогаш настапила со песната „Дома“ освојувајќи го 12. место. Марија најмногу стана позната преку нејзиното учество во мјузиклот „Тајно моја“, посветен на Тоше Проески и преку патриотскиот проект „Македонија во срце те носиме“ во кој ги испеа песните „Ој, Вардаре Македонски“ и „Ја излези стара мајко“.
(фото:П.Стојановски)












