понеделник, јуни 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Романски државјани лажни продавачи на луксузни производи уапсени во Скопје – измамиле...

Романски државјани лажни продавачи на луксузни производи уапсени во Скопје – измамиле жена за 300.000 денари

50

Две лица од Романија се уапсени во Скопје, по пријава за измама на повозрасна жена. Според соопштението од МВР, на 22 април 2026 година околу 19:30 часот, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 35-годишниот Ј.Г. и еден малолетник, двајцата од Романија.

Во соопштението се наведува дека постапувањето е по претходна пријава дека тие измамиле 83-годишна скопјанка. Според пријавеното, едно од лицата дошло во домот на оштетената на подрачјето на Ѓорче Петров, претставувајќи се како продавач на луксузни производи за домаќинство, по што со измама ѝ одзел 300 евра и златен накит во вредност од околу 300.000 денари.

Во соопштението се додава дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ