понеделник, октомври 26, 2026
Дома СВЕТ Трамп на митингот во Мичиген го пофали изгледот на Ники Минаж: „Таа...

Трамп на митингот во Мичиген го пофали изгледот на Ники Минаж: „Таа има навистина добар задник“/ВИДЕО

27
EPA/SAMUEL CORUM

Американскиот претседател Доналд Трамп го пофали физичкиот изглед на раперката Ники Минаж за време на политички собир во Мичиген, забележувајќи дека таа има „навистина добар задник“.

Неговиот коментар предизвика реакција кај присутните, а пејачката стана и ѝ мавташе на публиката која навиваше, пренесува „Телеграф“ (The Telegraph). Трамп патуваше заедно со Минаж во претседателскиот авион „Ер форс уан“ до Порт Хјурон, Мичиген.

„Патем, тукушто видов навистина добар задник: Ники Минаж. Тоа е тешко да се пропушти“, рече Трамп за време на собирот.

По неговата забелешка, раперката стана и ја поздрави толпата, додека претседателот додаде дека се надева оти таа не се „навредила“ од неговиот коментар. Подоцна, Ники Минаж му се придружи на сцената и изјави дека Трамп ја „променил енергијата во земјата“.

За време на летот со „Ер форс ван“, некои од блиските соработници на Трамп ја изнесоа идејата дека Минаж би можела да ја преземе улогата на секретар за односи со јавноста на Белата куќа. Оваа позиција остана испразнета откако Кети Закарија беше разрешена по само пет дена на функцијата.

Стивен Чунг, директорот за комуникации на Белата куќа, објави видео на кое се гледа како Минаж, за време на летот, дискутира за економската и надворешната политика на администрацијата на Трамп.

„Дами и господа, мислам дека можеби најдовме нов секретар за односи со јавноста на Белата куќа!“, напиша Чунг покрај видеото.

Официјалниот профил на Белата куќа на социјалната мрежа „Икс“ (X) одговори со ‘емоџи’ што прикажува очи, додека Алекс Брусевиц, еден од советниците на Трамп, напиша: „Еј, ’Барбс‘, што мислите за оваа идеја?“

„Барбс“ е името со кое се нарекуваат обожавателите на Ники Минаж.

ИЗДВОЕНИ