ФОТО: РФМ

Македонската машка училишна ракометна репрезентација продолжува со убедливите настапи на Светското училишно првенство, што се одржува во Скопје, откако во второто коло забележа нова висока победа, овој пат над Грузија со 46:13 (23:6).

Нашите ракометари уште од самиот почеток наметнаа силно темпо. Одбраната функционираше беспрекорно, што резултираше со бројни лесни голови од контранапади, додека во нападот Македонија беше максимално ефикасна.

На врвот кај стрелците беше Симоновски со 15 гола, Георгиев постигна девет, а пет имаше Ѓорѓиевски.

Женска кадетска ракометна репрезентација, пак обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското училишно првенство, откако ја запиша и втората победа на турнирот. Нашите ракометарки убедливо ја надиграа женската селекцијата на Грузија со 45:13.

Најефикасна во македонскиот состав беше Рона Мифтари со осум гола, додека по пет реализации запишаа Мила Ристовски и Тара Аврамовска. Во следното коло, македонските кадетки ќе се соочат со Словачка во директен дуел за првото место во групата, кој е закажан за утре со почеток од 10:30 часот.

 

ИЗДВОЕНИ