Технологијата напредува од ден на ден, сведоци сме на секакви работи, а сега сме сведоци на нов пробив. Хуманоиден робот успеа да победи на трка, но, покрај тоа, го сруши и светскиот рекорд што го држи човек.
Имено, победник на полумаратонот во Пекинг е робот од компанијата „Хонор“, кој ја истрча трката од 21 километар за 50 минути и 26 секунди, со што го сруши рекордот што го држеше Јакоб Киплимо од Уганда, кој ја истрча истата дистанца за 57 минути во Лисабон.
Интересно е што минатата година роботот ја истрча истата рута за два часа, 40 минути и 42 секунди, па напредокот е очигледен. Треба да се напомене и дека роботите имаа посебен полумаратон за себе, односно не се мешаа со луѓе.
Инженерот Ду Шаоди, кој е задолжен за развој и тестирање во Хонор, рече дека се задоволни од резултатите. Тој го создал роботот така што неговиот модел би биле човечки спортисти со долги нозе од околу 95 сантиметри.
– Гледајќи напред, некои од овие технологии би можеле да се пренесат во други области. На пример, структурната сигурност и технологијата за ладење со течност би можеле да се применат во идните индустриски сценарија – рече Ду Шаоди.












