Македонските претставници во Купот на ЕХФ, екипите на РК Алкалоид и ГРК Охрид, ги дознаа противниците за третото коло од ова натпреварување, откако на ждрепката во седиштето на ЕХФ во Виена се најдоа во улога на носители.
Како бранител на трофејот, составот на Охрид во третата рунда ќе се соочи со литванскиот претставник Драгунас Клаипеда. Од друга страна, екипата на Алкалоид доби исклучително сериозна задача и ќе ги одмери силите со словенечкото Горење Велење.
Македонските клубови кои се и последните два освојувачи на овој европски трофеј, изборија пласман во оваа фаза откако претходно успешно ги елиминираа екипите на турски Спор Тото и австриски Ферлах.
Првите натпревари од оваа рунда се закажани за 21/22 ноември, додека реванш средбите ќе се одиграат една недела подоцна (28/29 ноември). Охриѓани првиот меч ќе го одиграат на гостински терен во Клаипеда, а патникот во следната фаза ќе го решаваат на домашен терен. Алкалоид, пак, дека првиот дуел ќе го игра пред своите навивачи во Скопје, додека реваншот ќе се одигра во Словенија.












