среда, октомври 28, 2026
Дома БАЛКАН Резултати од гласањето во странство според РИК Србија: „Студентската листа“ освои 72,71...

Резултати од гласањето во странство според РИК Србија: „Студентската листа“ освои 72,71 отсто од гласовите, а листата на Вучиќ 24,69 отсто

57
EPA/ANDREJ CUKIC

На веб-страницата на РИК Србија се наведува дека ова е резултат добиен по обработка на 92 избирачки места, од вкупно 93 што беа отворени за изборите одржани на 25 октомври.

Право на глас имаа 102.147 гласачи, а на обработените избирачки места излегоа 79.320 од нив.

За „Студентската листа“ гласаа 57.668 гласачи, за листата на Вучиќ 19.584, а од останатите 16 листи, само четири освоија повеќе од 100 гласа.

Тоа се листата „Автентична десница“ (418), листата „Ивица Дачиќ – Фактор на стабилност“ (384), листата предводена од Усаме Зукорлиќ (387) и листата „Европска Србија“ (278).

ИЗДВОЕНИ