вторник, јуни 16, 2026
Дома СКОПСКА  Реконструкција на „Црн канал“ во Драчево

 Реконструкција на „Црн канал“ во Драчево

169

Општина Кисела Вода започна со комплетна реконструкција на атмосферскиот канал „Црн Канал“, на потегот од улица „Малешевска 1“ до Мала Рада, во КО Драчево 2.

Од Општината информираат дека станува збор за проект од големо значење за подобрување на атмосферската инфраструктура и заштита од поплави, кој се реализира во рамки на Унгарскиот кредит – Проекти фаза 2, како дел од програмата на Владата за периодот 2025 – 2027 година, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со оваа инвестиција директно се подигнува нивото на безбедност и функционалност на инфраструктурата во Драчево и се создаваат услови за посигурна и поквалитетна животна средина.

– Останувам целосно посветена на реализација на проекти кои носат реални решенија и долгорочни придобивки за граѓаните на Кисела Вода, со јасен фокус на модерна инфраструктура, подобрување на квалитетот на живот и зголемување на безбедноста во секое населено место – изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Изведувач на работите е компанијата Адра ДООЕЛ.

 

ИЗДВОЕНИ