Американскиот комичар Џими Кимел ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија дека неговата шега за нив содржи „реторика на омраза и насилство“, велејќи дека се пошегувал на сметка на нивната возраст.
Во најновата епизода од неговото комично шоу „Во живо!“, тој рече дека се пошегувал за возраста на Доналд и Меланија Трамп кога во скеч во претходната епизода рекол дека Меланија изгледала како „вдовица во исчекување“, објави Скај њуз.
„Тоа беше лекомислена шега за фактот дека тој има речиси 80 години, а таа е помлада од мене. Тоа не беше, по никаква дефиниција, повик за атентат“, рече Кимел.
Трамп и Меланија бараат отстранување на познатиот водител по контроверзните шеги
Тој се согласи дека реториката на омраза и насилство треба да се отфрли.
„Се согласувам и мислам дека одлично место за почеток на ублажување би било да разговарате со вашата сопруга за тоа“, рече Кимел.
Трамп ги повика ABC и Disney да го отпуштат Кимел поради неговите несоодветни коментари.
Претходно, првата дама на САД и многу од најжестоките поддржувачи на Трамп ја осудија шегата на Кимел.
На годишната вечера на Здружението на дописници од Белата куќа, на која Трамп присуствуваше во саботата во хотелот Хилтон во Вашингтон, вооружен човек идентификуван како Кол Томас Ален (31) испукал повеќе куршуми, по што сите присутни биле евакуирани.












