Невремето, кое пристигна од Словенија, каде што паѓаше голем град, денес ја зафати и Хрватска, а обилни дождови и ветер го погодија подрачјето на Хрватско Загорје и Загреб, но не се регистрирани поголеми штети, објавија хрватските медиуми.
Во соседна Словенија, во областа Птуј, ситуацијата беше посериозна бидејќи, заедно со обилните дождови, падна и град со големина на лешници, објави ХРТ.
Имаше и значителен пад на температурата, која се спушти од 33 степени Целзиусови на околу 24 степени.












