вторник, ноември 10, 2026
Дома БАЛКАН Потресително сведоштво од местото на трагедијата во Бугарија: Очевидец го опиша хоророт...

Потресително сведоштво од местото на трагедијата во Бугарија: Очевидец го опиша хоророт на автопатот/ВИДЕО

0
Foto: Screenshot/X

Најмалку 12 лица загинаа, а 50 се повредени денеска во верижен судир на автопат во Бугарија, предизвикан од магла. Тодор Тенев, сведок на оваа несреќа од невидени размери, зборуваше за бугарската телевизија „Нова“, пренесува „Свободна точка“. Тој изјави дека маглата била исклучително густа и дека верижниот судир се случил токму пред него.

„Маглата беше многу густа. Несреќата се случи точно пред нас.

Одеднаш, сè се затемни. Излегов од автомобилот и тргнав напред.

Со помош на дигалка го скршив стаклото на една кабина што гореше и извлеков човек. Веднаш потоа слушнав како автомобилите во спротивната лента почнуваат да се удираат еден во друг. Поради маглата, видливоста не беше поголема од 50 метри“, раскажа тој, опишувајќи ги ужасните сцени.

Тој изјави дека асфалтот бил видливо влажен, а маглата многу густа, што ја намалило видливоста на патот. На местото на настанот брзо пристигнале дури четири или пет возила на брза помош, поради големиот број настрадани и повредени лица.

„Асфалтот беше исклучително влажен, а маглата неверојатно густа. Многу брзо пристигнаа четири или пет екипи на брза помош. Сепак, хеликоптерот не можеше да слета; маглата беше премногу густа“, додаде тој.

ИЗДВОЕНИ