Американската тенисерка Серена Вилијамс ја прифати специјалната покана и ќе игра во сингл на претстојниот Вимблдон, објавија организаторите на третиот грен-слем сезонава.
Одлуката доаѓа откако, неодамна, 44-годишната Вилијамс се врати во конкуренцијата во двојки по речиси четири години отсуство од професионалниот тенис.
Серена Вилијамс, која има освоено вкупно 39 грен-слем титули, од кои 23 во сингл, претходно ја прифати специјалната покана за учество на Вимблдон, во конкуренција на двојки, каде што ќе настапи заедно со својата сестра Венус Вилијамс.
На последниот натпревар во сингл, во 2022 година, Серена беше поразена од Австралијката Ајла Томљановиќ во третото коло од Отвореното првенство на САД.
Во тоа време, таа рече дека не сака да го користи зборот „пензионирање“, но рече дека се оддалечува од тенисот преку процес на развој.
На Вимблдон, таа освои седум титули во сингл, шест во женски двојки и една во мешани двојки.
Нема победено на Вимблдон во сингл од 2019 година, кога загуби во финалето од Романката Симона Халеп. Таа помина 319 недели на врвот од ранг-листата на ВТА и освои 73 титули во сингл. Таа ќе го дознае својот противник в петок, кога ќе биде извршена ждрепката за турнирот, кој почнува на 29 јуни.












