среда, јуни 10, 2026
Дома СВЕТ Пукање во болница во Чикаго: Еден полицаец е убиен, друг е во...

Пукање во болница во Чикаго: Еден полицаец е убиен, друг е во критична состојба по повредите

111

Еден полицаец е убиен, а друг е во критична состојба по пукање во болница во Чикаго, соопштија официјални лица, пренесува „Танјуг“.

Во соопштението се наведува дека пукањето се случило во саботата во шведската болница „Ендевор Хелт“ и дека еден полицаец бил убиен на должност, а друг бил тешко повреден кога осомничениот, кој бил донесен во итната помош, отворил оган врз нив, објави „Ен-би-си“.

Полицијата соопшти дека осомничениот е уапсен и дека кај него е пронајдено оружје.

Се нагласува дека ниту еден од медицинските работници или пациентите не е повреден.

ИЗДВОЕНИ