недела, јуни 7, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Просечната нето-плата изнесува 46.159 денари

Просечната нето-плата изнесува 46.159 денари

30

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2026 година изнесува 46.159 денари, објави Државниот завод за статистика.

Во февруари 2026 година, во споредба со февруари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7,2 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: административни и помошни услужни дејности за 12,3 %, рударство и вадење камен за 10,6 % и снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9,4 %.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство за 5,7 %, други услужни дејности за 5,0 % и уметност, забава и рекреација за 4,6 %.

ИЗДВОЕНИ