недела, јуни 28, 2026
Дома СКОПСКА Пролетна дератизација во Аеродром

Пролетна дератизација во Аеродром

30

Деновиве, во Општина Аеродром се спроведува редовна пролетна дератизација на ниво на целата територија, со цел заштита на јавното здравје и превенција од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодарите.

Во рамките на акцијата се опфатени околу 3.000 шахти, во кои се поставуваат вкупно 9.000 мамци, а активностите ги опфаќаат и сите основни училишта и детски градинки на територија на Општина Аеродром.

Дератизацијата ја врши Центарот за јавно здравје – Скопје.

– Грижата за здравјето и безбедноста останува приоритет, а пролетната и есенската дератизација се дел од континуираните активности за чиста, безбедна и здрава животна средина во Општина Аеродром – нагласија општинските власти.

ИЗДВОЕНИ