недела, јуни 28, 2026
Дома БАЛКАН Истекува гас од камион по судир на автопатот кон Белград, поради опасност...

Истекува гас од камион по судир на автопатот кон Белград, поради опасност од експлозија сообраќајот е во прекин/ВИДЕО

1190
screenshot video 192_rs

Два камиона се судрија на дел од автопатот во близина на Стара Пазова, во правец кон Белград. Според неофицијални информации, еден камион удрил во друг камион што превезувал цилиндри за гас, предизвикувајќи истекување на гас.

Не е познато за каков гас станува збор.

Сообраќајот на тој дел од автопатот е прекинат.

Пожарникарите и полицијата се на местото на настанот.

„Патишта на Србија“ објави дека сообраќајот е пренасочен кон клучката Стара Пазова и дека јавноста ќе биде информирана за нормализирањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

ИЗДВОЕНИ