Првата половина од сезоната во Формула 1 во 2026 година донесе бројни изненадувања, нови херои и неколку големи разочарувања. По 11 трки, јасно е дека шампионатот влегува во нова ера, а најголемото откритие е младиот Кими Антонели.
Италијанецот на само 19 години го презеде лидерството во Мерцедес и со одличните настапи се наметна како главен фаворит за шампионската титула. Наместо Џорџ Расел, токму Антонели стана првото име на тимот и покажа дека може да се носи со огромниот притисок.
Во исто време, новите технички правила не ги исполнија очекувањата. Иако болидите се побрзи и поатрактивни, проблемите со новите погонски единици и управувањето со енергијата предизвикаа многу критики. ФИА веќе направи одредени измени, но се очекуваат дополнителни решенија.
Голема вест е и враќањето на Луис Хамилтон во борбата за самиот врв. Седумкратниот светски шампион повторно победува и моментно е втор во генералниот пласман, покажувајќи дека сè уште е еден од најдобрите возачи на гридот.
Позитивни сигнали пристигнуваат и од Астон Мартин. По слабиот старт, тимот значително ја подобри формата со новиот аеродинамичен пакет и повторно се вклучи во битката за повисоки позиции.
Од друга страна, Вилијамс доживеа големо разочарување. И покрај високите очекувања, тимот се соочува со сериозни проблеми со болидот и моментално е меѓу најслабите екипи на падокот.
Вториот дел од сезоната ќе даде одговор дали Антонели ќе ја задржи доминацијата, дали Хамилтон ќе успее да се вмеша во битката за титулата и дали ривалите ќе најдат начин да го запрат моќниот Мерцедес. Со оглед на досегашните случувања, љубителите на Формула 1 ги очекува исклучително возбудлив финиш на сезоната.











