среда, август 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Препораки за безбедно користење земјоделска механизација на јавните патишта

Препораки за безбедно користење земјоделска механизација на јавните патишта

29

Во рамките на своите активности за унапредување на безбедноста во сообраќајот, Локалниот совет за превенција – Берово изготви информативен леток со препораки за безбедно користење на земјоделската механизација на јавните патишта.

– Целта на оваа активност е да се поттикне поголема одговорност кај возачите на земјоделска механизација, да се намалат ризиците од сообраќајни незгоди и да се придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот – велат од Општина Берово.

Оттаму додаваат дека со почетокот на земјоделските активности и зголеменото присуство на трактори и друга земјоделска механизација на патиштата, особено е важно да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел заштита на сите учесници во сообраќајот.

Притоа, ги повикуваат земјоделците и другите учесници во сообраќајот да се запознаат со препораките содржани во летокот и со одговорно однесување да придонесат за побезбедни патишта и зачувување на човечките животи.

 

 

ИЗДВОЕНИ