четврток, јуни 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Продолжен рокот за пријавување штети од голомразица

Продолжен рокот за пријавување штети од голомразица

12

Општина Ресен го продолжи рокот за пријавување штети на земјоделски насади од природна непогода, голомразица на територијата на таа општина. Пријавувањето сега може да се врши најдоцна до 30 јуни.

– Пријавувањето на штетите се врши за природната непогода регистрирана во периодот од 1 до 4 мај годинава, која го зафати подрачјето на Општина Ресен. Оштетените површини се пријавуваат според насадената површина, односно според соодветната површина што лицето ја поседува во ЕРЗС на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – соопштија од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ